СДС ЗАГЛАВИЈА ВО ЌЕНЕФИТЕ НА ВИКТОР ЈАНУКОВИЧ: Лажни вести со воодушевување од тоалетот на Украинскиот претседател Јанукович

  • June 5, 2017
  • Коментари

СДСМ го допре моралното дно, од сериозна партија полека но сигурно се претворија во погон за лажни вести и дезинформаации, чија главна цел е ширење на омраза и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денес Зоран Заев со цел да ја дефокусира јавноста од преголемите ветувања кои ги дал пред граѓаните, а кои нема да може да ги исполни па го допре дното нарачувајќи вести по албанските портали во кои се објавуваат слики од златни тоалети за кои се пишува како да се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем со најобично интернет пребарување ќе се утврди дека станува збор за златните тоалети од дворецот на Виктор Јанукович.

Очигледно нарачателите на вакви текстови од СДС многу ги потценуваат граѓаните мислејќи дека некој би поверувал во вааквите ноторни лаги и местенки. Со едноставна операција во еден чекор интернет пребарувачот Гугл ви ја дава информацијата од каде е сликата и каде првпат е објавена. Имено со десен клик на сликата, преку операцијата „Search Google for image“, пребарувачот ве носи на страната каде првпат се објавени ваквите слики и во кои се текстови се појавува.

Имено ваквите златни и луксузни тоалети, не се во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, како што се обидуваат спинерите по нарачка на СДСМ да претстава, туку истите се дел од луксузните палати на Виктор Јанукович.

Ваквите лажни вести и дезинформации со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ се единствен метод како да се сврти вниманието на народот од неможноста на СДСМ во идниот период да го изреализира се она што го вети.

Претходно «
Следно »