СДС ПРОТИВ ТАРАВАРИ: Откако најави дека ќе си заминува од министерство за здравство и ќе трча за градоначалник, СДС тргна против Таравари

  • September 3, 2017

Ивор Мицковски, еден од поистакнатите фејсбук активисти на опозицијата, во статус на фејсбук го нападна министерот за здравство Арбен Таравари, откако ја најави својата кандидатура за градоначалничката позиција во Гостивар.

Според Мицковски, срамно е што министер во таков ресор каков што е здравството ќе земе одмор од неколку недели за да си ја тера предизборната кампања, иако во болнците е хаос и секојдневно се слушаат вести за починати бебиња, напаѓани пациенти и други хаотични ситуации.

Таравари од самиот старт покажа дека нема да е министер кој ќе се труди реално во здравството, туку само околу личниот пи-ар, па наместо да ги решава проблемите, се занимаваше со чистење дворови и „реформи“ како двојазични и тројазични табли по клиниките, наместо да истражува случаи како тој кога во „мистериозна“ треска починаа неколку лица во гостиварско. Патем, во тој случај, Таравари иако знаеше дека луѓето се во сериозна состојба од непозната болест, замина за Америка за да дава неколку платени интервјуа и да работи на личниот маркетинг и промоција.

Како што почна така завршува – Таравари сега заминува од здравството и се надева дека на локалните во Гостивар ќе помине подобро него во Министерството за здравство во кое повеќе се расправаше на фејсбук, отколку што работеше на подобрување на условите.

Претходно «
Следно »