СДС СЕ ЗАКАНУВА СО ПРИЈАВИ ПРОТИВ СУДИИ: Продлжува бруталниот притисок врз судиите кои не сакаат да учествуваат во хајка против ВМРО-ДПМНЕ

  • August 2, 2017

Продолжува бруталниот притисок кој СДСМ и Сорос преку своите медиуми го прават кон судството. Новиот премиер уште пред да дојде на оваа функција почна да се заканува кон судиите и најави целосна партизација на судството, со најавата за комплетен реизбор на сите судии.

Последен пример за притисок кон судството е откривањето на имињата на судиите кои го оценувале обвинителниот акт за предметот „Триста“ на СЈО и кој како доказ ги отфрли прислушуваните разговори, од страна на порталот „Судство.мк“, вест која брзо почна да се шири и по другите медиуми под контрола на СДСМ и Сорос. Инаку СДСМ и Сорос преку своите медиуми цело време ги напаѓаат судиите кои не работат по нивни диктат, што е примерот и сега.

Во истиот текст пишува дека една респектибилна граѓанска организација веќе работи на комплетираење на листата на судии за кои се верува дека работат спротивно на законот и за нив ќе следат кривични пријави кои ќе бидат проследени до надлежното Обвинителство. Оваа најава на одредена невладина организација која е под контрола на СДСМ, претставува уште еден доказ за организираниот притисок за судиите да одлучуваат по желбите и насоките на Зоран Заев, а претставува прекршување на членот 11 од Законот за судови.

Член 11

(1) Судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите.

(2) Се забранува секој облик на влијание врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судијата во вршењето на судиската функција по кој било основ и од кој било субјект.

Многумина велат дека токму притисокот кој судиите го имаат од страна на медиумите и политичарите од СДСМ, придонел одземање на пасоши на лица од ВМРО-ДПМНЕ без да има никаква основа за тоа. Многумина исто така го делат мислењето дека судиите треба да оддолеат на овие притисоци и самото судство да излезе од комформизмот.

Доброупатени извори за Курир велат дека за сето ова што го прави СДСМ, СЈО, медиумите на Сорос, еден ден ќе има одговорност, дека се уредно се евидентира и декој оној кој прави ваков притисок ќе се соочи со одговорност и тоа за многу брзо.

Претходно «
Следно »