СДС УКИНУВА МЕРКИ ЗА РЕФОРМИ ПОРАДИ ПОПУЛИЗАМ: СДСМ се занимаваат со укинување на старите реформи заради популизам пред граѓаните

  • July 7, 2017

Новата Влада функционира без никаков концепт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА.

„Новата Влада стави партиски кадри, почнаа со кршење на законите, назначувањата ги прават на незаконски начин. Се занимаваат со укинување на старите реформи заради популизам пред граѓаните, а досега немаат направено свои. Нема ништо сериозно со кое можат да се пофалат“, истакна Груевски.

Во однос на интеграциите Груевски посочува дека новата Влада го промени пристапот и кон ова прашање.

„Говорат за ЕУ и НАТО, но најново е дека нема да ги започнеме преговорите како што ветуваа, туку ќе ја одмрзнеле замрзнатата препорака што се замрзна поради кризата што тие ја наметнаа. Направија 3 годишна политичка криза, а сега велат ветувањето повеќе не важи – нема да влеземе во ЕУ и НАТО туку ќе го одмрзнеме замрзнатото“, рече Груевски.

Претходно «
Следно »