СДCM со пpeдyпpeдyвaњe до гpaѓaнитe: Пoвикoт за бojкoт на попиcoт e пoвиk за пpeкpшyвaњe нa зaкoнитe

Поврзано

- Advertisement -

Повикот за бојкот на пописот е повик за прекршување на законите, продолжува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во утринското соопштение испратено од СДСМ.

Од партијата ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да спречат одржување на попис согласно меѓународните стандарди и пракси. Според нив како и секогаш кога се носат битни законски решенија за државата и граѓаните ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно, неодговорно и антидржавно.

-Се противат на законот за попис на населението, кој овозможува оваа пролет, по речиси 19 години, во државата да се спроведе попис согласно меѓународните стандарди и прописите на Евростат. Бојкотот и повикувањето за бојкот на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски значи и повикување на кршење на законите, се вели во соопштението од СДСМ.
Додаваат дека пописот е статистичка операција, а не избори, на пописот не се гласа, нема губитници и затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да се плашат од одржувањето на пописот.

Latest News

Oдлични вecти: Eвe штo пpeдлaгa Koмиcиjaтa зa зapaзни 6oлecти

Утрово Комисијата за заразни болести предложи олабавување на мерките. „Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои...

More Articles Like This