October 24, 2021, 1:49 am

„Себастијане, ќе те kpенам во воздyх“: Австриец заврши на пcиxијaтрија откaко му се зakaни на Курц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради заканите испратени до австрискиот канцелар Себастијан Курц, судот во Грац донесе пресуда за сместување на Стиријанецот (42) на психијатрија, пренесува австриски Клеин Зитун .

„Ќе кажам само уште еднаш – Себастијане, ќе те кренам во воздух“ – напиша осудениот на својот Фејсбук.

Бидејќи не следеше реакција, тој понатаму му напиша на Курц дека, доколку не одговори, ќе го „разнесе целиот Хофбург“. Ниту Курц не реагираше на овие закани, но обвинителството реагираше и започна истрага.

Обвинителот посочи дека е јасно дека обвинетиот му се заканувал на Курц со напад и смрт. Адвокатот на обвинетиот се обиде да ги ублажи заканите, велејќи дека не е сигурен дека Курц воопшто го забележал она што тој го напишал.

Обвинетиот рече дека е точно дека тој го напишал тоа, но и дека ги избришал постовите, како и дека бил во вонредна психичка состојба по смртта на неговата мајка и затоа што неговата сопруга со три деца го напуштила.

“Каква врска има Курц со тоа? Тој не е задолжен за вашите деца”, праша судијката Ангелика Хакер, на што тој одговори дека е лошо расположен и дека го смета Курц за добар политичар.

Форензичкиот психијатар Манфред Валц дојде до заклучок дека обвинетиот страда од биполарно растројство. Инаку, обвинетиот на телото ги има истетовирано сите датуми на болест и хоспитализација, а психијатарот му предложи на судот да го стави обвинетиот на лекување во психијатрија, што судот го прифати.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This