Северна Кореја лaнcиpaшe двe зaбpaнeти бaлиcтички paкeти

Поврзано

Cитyaциjaтa e зaгpижyвaчкa: Ceчeњeтo нa пpaшyмaтa вo Амазонија ce згoлeмилo зa 43 oтcтo

Сечењето на прашумата во Амазонија се зголемило за 43 проценти во април во споредба со истиот период минатата година,...

(Видео) Macaкap вo Рио: Нajcмpтoнocнaтa пoлициcкa akциja вo иcтopиjaтa нa Бразил – oвa ce дeтaлитe

29-тата жртва на акцијата во фавелата Жакарезињо ја лансираше оваа рација во самиот врв на најсмртоносните полициски операции во...

(Boзнeмиpyвaчкo видeo) Нajмaлку 40 зaгинaти вo ekcплoзиja вo близинa нa yчилиштe во Кабул, пoвeќe oд 50 лицa, пpeтeжнo yчeници, ce пoвpeдeни

Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни...
- Advertisement -

Северна Кореја денес лансираше најмалку два проектили за кои се сомнева дека се балистички ракети, потврдија за Ројтерс официјални лица од Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Тоа е најголемиот севернокорејски инцидент откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде должноста во јануари.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, а доколку лансирањето биде потврдено, тоа би претставувало нов предизвик за Бајденовите напори за соработка со Пјонгјанг, кои досега беа одбиени, објави Ројтерс.

Воениот штаб на Јужна Кореја потврди дека најмалку две „неидентификувани проектили“ биле испукани во морето од севернокорејската провинција Јужен Хамгионг на источниот брег.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека лансирањата претставуваат закана за „мирот и безбедноста во Јапонија и регионот“ и дека Токио тесно ќе се координира со Вашингтон и Сеул за тест-активностите на Северна Кореја.

Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги анализираат податоците за лансирањето за дополнителни информации, се вели во соопштението.

Американски официјални лица исто така потврдија за Ројтерс дека Северна Кореја извршила ново лансирање на проектили, без да понудат детали за видот на лансираното оружје.

Latest News

Дoaѓa мoќeн acтpo пepиoд зa пapи и љyбoв: Oвиe тpи знaци ги oчeкyвa гoлeмa cpeќa зa вpeмe нa млaдaтa Мeceчинa

На 11-ти  мај не очекува млада Месечина во вредниот и амбициозен знак на Бик – оваа енергија не охрабрува...

More Articles Like This