СЕВЕРНА КОРЕЈА УНИШТУВА НОСАЧИ НА АВИОНИ НА САД: Со монтирано видео Северна Кореја демонстрира како ќе ги уништува бродовите и авионите на САД!

  • September 24, 2017

Пјонгјанг објави серија на фотогорафии и видео-колажи на кои севернокорејските ракети „уништуваат“ американски бомбардери и носачот на авиони „Карл Винсон“, соопштува агенцијата Јонхап

Видеото е објавено на сајтот „DPRK Today“ почнува со исечок од говорот на американскиот претседател Доналд Трамп пред војниците во базата „Ендрјуз“ во Мериленд. Понатаму се прикажани фотографии од бомбардерот Б-1Б и ловците Ф-15Ц, кои со помош на компјутерска графика се „уништуваат“ со ракети. На сличен начин севернокорејската подморница „го напаѓа“ нуклеарниот носач на авиони „Карл Винсон“.

Снимката се појави веднаш по прелетот на бомбардерите на американската авијација пратени од ловци, во меѓународните води во близина на брегот на Северна Кореја, приближувајќи се на границата на демилитаризираната зона.

Американскиот претседател во своето прво обраќање од говорницата на ОН се закани дека во потполност ќе ја уништи Северна Кореја. Тој исто така за лидерот на земјата Ким Јонг Ун изјави дека е „рекетар во самоубиствена мисија“. Ким Јонг Ун одговори дека американскиот претседател „ќе го скроти со оган“. Пентагон летот на бомбардерите го нарече „демонстрација на одлучност“ и на богатиот воен арсенал.

Претходно «
Следно »