СЕГА И ЌЕ ГИ АПСАТ: Поради вчерашните инциденти забранет пристап каде што се гради гасоводот!

  • August 30, 2018
  • Коментари

Активистите кои не даваат да се исече шумата и да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно биле изненадени откако ја забележале таблата на која пишува „Внимание! Изградба на гасовод – Забранет приспат за невработени“, пренесува МКД.мк

На ова активистите со пенкало и на лист хартија напишале „Забранет пристап за уништувачи на природа“.

Активистите денес втор ден со жив штит го бранат Водно. Тие утрово преку соопштение до јавноста наведуваат дека активностите за изградбата на гасоводот преку Водно продолжиле на диво и бараат дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот на Министерството за животна средина.

Претходно «
Следно »