Седница на највисокиот орган на СДСМ за најавените кадровски промени: Ќе почне ли Заев да игра со метлата?

Поврзано

ЃОРЃИЕВСКИ: На Заев не му одговара да има реформи во судството бидејќи нема да може да врши рекет и да договара тендери во четири...

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК во ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа...

ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ: СДСМ е главниот виновник за овие поразителни бројки во Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа зборуваше за тоа...

ПОЛИТИКИТЕ НА ВЛАСТА НЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ: Мора комплетно да се смени стратегијата за справување со коронавирусот

Комплетно треба да се смени стратегијата бидејќи видовме дека политиките што се спроведуваат не даваат резултат, рече доктор Игор...

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Центарлниот одбор на СДСМ на која треба да стане збор за кадровските промени во партиските редови, но и во извршната власт што ги најави премиерот и лидер на партијата Зоран Заев меѓу двата круга од претседателските избори.

Еден од првите потези на Заев во рамки на т.н. операција „метла“, беше смената на претседателите на 78 општински организации на СДСМ, а за почетокот на јуни најави дека ќе следат смените во општествениот сектор, односно во јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции.

Во врска со најавените промени во извршната власт, Заев на почетокот од оваа недела на „Илинденска“ бр.2, имаше средба со коалицисикиот партнер – лидерот на ДУИ Али Ахмети на која е договорено да се спроведат прво консултации во двете политички партии, а за следната недела најави нивна нова средба.

-Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, соопштија од Владата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми рече дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести.

Според пратеникот од ДУИ Артан Груби, ветингот што ДУИ го предлага, нема врска со метлата на Заев. Партијата планира да има двоен ветинг, еден партиски со кој ќе се проверуваат кандидатите за членство во ДУИ, и еден институционален.

-Било да е пратеник, министер, директор или кој било треба да биде проверен пред да се именува. Да се гарантира дека човекот кој ќе го изгласаме во Собранието е кристално чиста личност без дамка во кариерат, изјави Груби.

Во коментар на неговата изјава Заев рече дека сите коалициски партнери имаат право да даваат свои коментари, но и да знаат што ќе се случи со реконструкцијата на Владата.

– Јас сум мандатар, тие можат да гласаат во Парламентот или не кога ќе ги дадам предлозите за промени во Парламентот. Артан Груби е пратеник во Парламентот. Тој и неговата пратеничка група од ДУИ ќе се изјаснат за решенијата. Затоа имав средба со лидерот на нивната политичка партија, ДУИ , за да знаат навремено кои чекори ќе ги преземам, согласно тоа да си донесат одлуки, да се разговара во партијата и сл., рече Заев, одбивајќи да лицитира со имиња.

На трибина по првиот круг од претседателските избори на 21-ви минатиот месец Заев обраќајќи се на поддржувачите кои останале дома и се незадоволни од власта најави дека ќе има „чистка“ на функционери на локално и на централно ниво, а актерот Драган Спасов – Дац му подари метла. Главни критериуми за „метлата“, според Заев, ќе бидат ароганцијата, неисполнувањето на очекувањата, неагилниот однос и непотизмот. По неговата најава поголемиот дел од министрите од СДСМ оценија дека ќе ја почитуваат одлуката ако бидат дел од смените во Владата, а дел од министрите од ДУИ изјавија дека работат според програмата, а за кадровските смени одлучува лидерот Ахмети. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати упати критики до Заев за целиот процес со порака дека „метлата“ треба да почне од него. (MИА)

Актуелно

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој...

ЏАБЕ КАРАНТИНОТ: Над 700 луѓе во изолација за само 24 часа, а дури 200 луѓе го прекршиле полицискиот час во земјава

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале...

СЗО ГИ СМЕНИ НАСОКИТЕ: Маските да се носат задолжително и тоа да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Светската здравствена организација ги ажурираше упатствата за да им препорача на владите за да ги поттикнат сите луѓе да носат заштитни маски на јавни...

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово 26 - Дебар 1 - Штип 15 -...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

Повеќе вести