СЕДУМИНАТА НА МИЈАЛКОВ НЕМААТ ПРАШАЊЕ ЗА ЗАЕВ: За кого работи новата пратеничка група предводена од Канчевска?

  • October 31, 2018

Пратениците од новата пратеничка група под водство на Канческа Милевска не се присутни на денешната седница за пратенички прашања, што значи дека и немаат прашања за работата на Владата на Република Македонија.

Ниту еден од осумтемина пратеници од новата пратеничка група не се присутни на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Осумте пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни промени во петокот поднесоа официјално барање до Талат Џафери за формирање нова пратеничка група Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Џафери ги информирал сите пратеници за новата пратеничка група, а таа треба да почне со работа од наредниот понеделник, брифираа од Кабинетот на Џафери пред неколку дена.

Истиот тој ден координаторката на новата пратеничка група Елизабета Канеска-Милевска оствари и средба Џафери но и со премиерот Заев.

Претходно «
Следно »