СЕКОГАШ КОГА СДСМ Е НА ВЛАСТ, МАКЕДОНИЈА ЈА ИМА СЀ ПОМАЛКУ: Мицкоски од Штип со силни пораки

  • September 16, 2018

Не можам, а да не стекнам впечаток дека секогаш кога СДСМ ја има власта, Македонија ја има се помалку, без некој атрибут, без некое право, без некоја гордост, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

 

–По кој знае кој пат една безмалку иста група на отуѓени луѓе, кои веројатно себе си се доживуваат како посебни, а сите други како далеку под нив, успеваат со непристојни додворувања и ставајќи ја како влог сопствената држава и нација, небаре е на татко им, да се изборат за позиција, да се дофатат по било која цена до власт, за да продолжат непречено да уживаат во своите привилегии, кои тие ги сметаат за наследни. Не барам да ми верувате на зборот, барам да погледнете околу вас- за само една година на власт арогантно и експлоататорски разграбаа се што можеа, тендери, бизниси, договори во четири очи, илјадници, милиони евра, а на нас ни оставија да ја платиме цената за нивната алчност во вид на платформи и договори кои се надвор од Устав, Закон и народна власт.

Претходно «
Следно »