СЕКОЈА ЧЕСТ: Димовски им одржа лекција по демократија на Јанева и СДСМ

Поврзано

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

Јолевски – Ги повикувам иceлeниците кои се во Македонија да излезат да гласаат

Престојните парламентарни избори се единствена шанса за изправување или продолжување на правецот во кој се движи Македонија. Изборот на...

ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за земјоделие вработувања во предизборието !

Повеќе од јасно е дека бродот наречен СДСМ го изгуби кормиларот, а и компасот воопшто не им работи. Така на...

На денешната редовна седница за пратенички прашања која се одржува секој последен четврток во месецот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски го искористи своето право на процедурално обраќање и им одржа мала лекција по демократично однесување на пратениците на СДСМ кои го бранеа срамното однесување на Катица Јанева за време на комисијата за политички прашања.

ilija-dimovski-sobranie
Јанева одбиваше да одговара, а кога одговараше беше дрска и полна со гнев и навреди кон пратениците кои ја извршуваа својата должност, поставувајќи и прашања во врска со извештајот од нејзиното работење.

Таа дури и ги обвини за мобинг сите кои и’ поставуваа прашања на кои нема одговор: меѓу кои и пратениците и членовите на советот на јавни обвинители.

Овој срамен однос на еден извршител на јавна функција како Јанева кој има законска обврска да одговара пред пратениците, беше очигледна инспирација за Димовски кој на самиот почеток на седницата за пратенички прашања, или како што ја нарече „седница за мобинг на пратениците врз Владата“, го адресираше токму ваквото однесување на специјалната обвинителка Јанева.

Еве го интегрално говорот на Илија Димовски:

„Досега беше пракса во секој последен четврток во месецот да се одржува седница за пратенички прашања на која сите народни избраници имаат прилика јавно да ги прашуваат сите членови на Владата било какви прашања во врска со тековното работење на извршната власт.
Тоа е должност и обврска на секој пратеник кој има мандат од граѓаните на оваа земја, да поставува прашања од јавен интерес, а должност и обврска на секој носител на јавна функција е да ги одговори прашањата пред граѓаните во чиј интерес и за чија сметка работи.
Но, тоа беше досега. Од денес, благодарение на новие сознанија кои ги добивме во текот на минатата недела, оваа седница која ние, и сите членови на парламентот во изминатите 25 години ја нарекувавме седница за пратенички прашања од денес ќе ја викаме седница за мобинг на парламентот врз владата, бидејќи дознавме дека јавните седници на кои вршителите на јавни функции имаат должност да одговараат пред јавноста во чиј интерес работат, се вика мобинг.
Од денеска веројатно би се сметало за нормално доколку премиерот, министрите, замениците министри наместо да реферираат за својата работа и да одговараат на прашањата кои ќе им ги поставуваме да соопштат дека немаат намера да одговараат колку и да ги прашуваме и да не обвинуваат сите нас за мобинг кон нив после што би било сосема легитимно, во светло на овој демократски новитет на светско ниво демонстративно да ја напуштат седницата и седнат во некој од околните ресторани.
Ова сознание, ова револуционерно откритие за кое требаше да поминат 25 години парламентарна демократија во Македонија во кои стотици и стотици пратеници низ овој Парламент донеле илјадници правни акти, конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија – да не научи дека сме биле во заблуда и дека всушност не мора да одговарате на ниту едно прашање.
Министерот за финансии, на пример, нема потреба да го објаснува буџетот туку може да каже дека колку и да го прашуваме нема да даде никаков одговор, а ако инсистираме на одговори да не обвини за мобинг.
Претседателот на Собранието може да ја одложи седницата и да ја презакаже после еден месец бидеќи има приватни обврски, а ако се побуни некој од нас пратениците слободно може да не обвини за мобинг и да ја презакаже за дополнително уште еден месец.
За мобинг може да се сметаат и многу прашања на испитите за возачка дозвола, или на испитите на факултет, но почитувани во оваа држава не е само мобинг циркузот кој што го прави една специјална институција. Тоа не е мобинг. Тоа е циркуз. Циркуз од кој сите сме дел. И за да ги сфатиме новите правила на игра, барам еден час пауза и апелирам никој да не ме праша ништо бидејќи ќе го обвинам за мобинг, а ако ме прашувате сепак, демонстративно ќе ја напуштам седницата. Благодарам.“

Актуелно

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар...

ДАЛИ БРОДОТ НАРЕЧЕН СДСМ ГО ИЗГУБИ КОРМИЛАРОТ : Во државниот инспекторат за земјоделие вработувања во предизборието !

Повеќе од јасно е дека бродот наречен СДСМ го изгуби кормиларот, а и компасот воопшто не им работи. Така на пример, Зоран Шапуриќ од ДИЗ...

Мамата у…- како се менуваше името на еден народ!

Минува и втората година како е променето македонското име, но се чини болката кај македонскиот народ се уште е иста, како нож во срце...

(Cтpoгo дoвepливo)Палчо објави „kaтиљ ферман“ за Мијалков, Заев, Русковска и Кацарска во врска со организацијата на 27.април

Политичкиот аналитичар Љупчо Палевски, рано изутринава околу 01.00 часот по полноќ на својот ФБ профил објави „катиљ ферман“ составен во Управата за безбедност и...

(Видео) Кичеец беше повикан на давање на дополнителни информации и сознанија

На разговор, односно на давање на дополнителни информации и сознанија беше повикан Зоран Милески-Кичеец, истакнува министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за...

Повеќе вести