СЕЛА СО ПРЕДЛОГ: На 11 декември Собранието да го ратификува протоколот за членство во НАТО

  • December 4, 2019

Денес, лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, на денешната прес-конференција најави дека Алијансата за Албанците, како политички субјект, бара ратификувањето на протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната сесија на 11 декември, за да истиот не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори.

„Денес е време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО, така што доволна причина за нас да гласаме “, рече Села.

Тој, меѓу другото, истакна дека покрај случајот со Црна Гора, имаме и внатрешен преседан, спомнувајќи го случајот со ратификувањето на Преспанскиот договор, пред истиот да биде ратификуван во Грција. Лидерот на АА исто така истакна дека овој момент не треба да се искористи како причина за одложување на изборите и затоа ги повика сите политички партии да ја поддржат ваквата иницијатива.

Претходно «
Следно »