СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА: СЈО и СДСМ водат политички процес против ВМРО- за сите мерки на претпазливост, освен за функционерите на ДУИ

  • June 30, 2017

Досега од 5 случаи за кои Судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост, додека за петтиот каде има функционери на ДУИ, нема никакви мерки.

Дека се води строг политички процес, а не правен се докажува и низ фактот што досега Судот изрече мерки за претпазливост одземање на пасошите за сите случаи за кои одлучуваше, освен за функционерите на ДУИ, пратеникот Ејуп Алими и функционерот на дуи во ДИК, Исмет Гури.

-Предлогот на СЈО со НСК – КО.бр. 1/16 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован, соопштија од Судот.

Ваквата селективност покажува дека Судот потклекнува на притисоците кои ги прават СДСМ и СЈО. Упатените прашуваат како е можно до сега да се изречат мерки за претпазливост на сите функционери кои се од ВМРО-ДПМНЕ, а да нема никаква мерка за единствените двајца кои се од ДУИ.

Ова значи дека јасната цел на селективната правда е само ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно СДСМ не сака да си ги расипе односите со ДУИ и на тој начин да ја загрози коалицијата.  Досега од 5 случаи за кои Судот одлучувал, за 4 има изречено мерки на претпазливост, додека за петтиот каде има функционери на ДУИ, нема никакви мерки.

Претходно «
Следно »