СЕМЕЈСТВАТА НА УБИJЦИTE НА САЗДО ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ: Биле огорчени од преквалификација на предметот

  • December 24, 2018

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски, незадоволни од судскиот процес, најавуваат дека ќе протестираат и повикуваат граѓани да им се придружат на нивниот, како што го викаат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос”.

„Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје.Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци. Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи” соопштуваат семејствата.

Претходно «
Следно »