СЕМЕЈСТВОТО ГРУЕВСКИ НА ПРОШЕТКА: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со сопругата и ќерќичките на прошетка во Св.Наум!

  • July 23, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по завршувањето на целодневната работна агенда низ Охрид и охридскиот крај, при што промовираше и изврси надзор на реализацијата на повеќе проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и оствари средби со граѓани, попладнето го искористи и за прошетка со семејството.
gruevski-ohrid-1-640x480

Тој со сопругата Боркица и двете ќеркички го посети бисерот на охридскиот регион, манастирот „Свети Наум“. Заедно ги посетија туристичките знаменитости и ја искористија богатата туристичка содржина што ја нуди Охрид.
gruevski-ohrid-3-640x480

Тие го привлекоа вниманието на посетителите и заедно се фотографираа со граѓаните кои изразија желба. Инаку, оваа година градот е преполн со странски туристи, од голем број на земји и домашни туристи од повеќе градови од државава.

gruevski-ohrid-2-640x480

Има и зголемен девизен прилив за туристичките работници, како и раст на авио-летовите со кои Охрид се поврзува со останатите региони и држави.
gruevski-ohrid-4-640x480

Претходно «
Следно »