СЕМЕЈСТВОТО РАХИЌ ИНВОЛВИРАНО ВО РЕКЕТ? Дали „Сецко“ Рахиќ ги злоупотребувал информациите од неговата внука вработена во СЈО за да рекетира?!

  • February 18, 2017

Семејството Рахиќ, добро познато во скопските подземни, но и политички кругови егзистира на јавната сцена најмалку дваесетина години, поточно од моментот кога СДСМ постави диктаторска власт врз државата, во период кога беше растурена целокупната Македонска економија, што пак предизивка серозни социо-економски и општествени проблеми, од кои Македонија веќе четвртина век мака мачи да го елиминира

Sead_rahic

Есад Рахиќ, своевремено беше и висок функционер, но и пратеник од редовите на СДСМ како близок соработник на Бранко Црвенковски и негов советник. Додека Есад контролираше голем дел од политиката во СДСМ, и ја уживаше довербата и лојалноса на Црвенковски, неговиот брат Сеад направи своевидна империја во ноќниот живот во гланвиот град, со неколку сопствени дискотеки и ноќни барови.

Тогаш и започнува инволвирањето на Рахиќ во подземниот свет во Македонија.

Вчеравечер со апсењето на „Сецко“, конечно беше ставен крај на криминалните активности на Рахиќ, преку кои долги години уживаа лагоден живот.

https://www.youtube.com/watch?v=C8wqxzEJSHA

Освен со наркотични средства, оружје и друг вид на криминал, во полиските кругови се зборува дека Сеад е добро познат и како рекетар и изнудувач, а неретко се служел и со лихварство.

Постојат и сериозни индиции, иако непотврдени, дека Сеад Рахиќ ја искористувал неговата внука Берниса која патем е вработена во СЈО, со цел да дознава против кои личности се води истрага, или пак се планира отворање на обвинителен акт, со цел тие лица да бидат таргет на уцени и рекетирање од страна на Сеад.

Уште минатата година, дел од обвинетите од страна на СЈО јавно зборуваа за уцените и заканите кои ги добивале од луѓе блиски на СДСМ, но и рекетот кој беше баран од голем број на бизнисмени и јавни личности, со цел да бидат „заштитени“ од гонење од страна на СЈО, или пак едноставно да не им бидат објавени креираните прислушувани материјали.

 

Претходно «
Следно »