СЕРГЕЈ РАСПАЛИ ПО ЕЛЕНА РИСТЕСКА:„Леле драги гледачи“

  • September 13, 2018

Модниот стилист Сергеј Варошлија ја започна втората сезона од својата модна критика на 1ТВ. Најави дека со коментарите ќе настапи поостро од претходно, а на мета покрај минувачите низ улиците на Скопје беше и пејачката Елена Ристеска кон која упати како што вели тој добронамерно мислење и критика во поглед на нејзиниот моден израз.

Имено, својот коментар го започна со нејзините фотографии од Америка каде таа е моментално, а критиката ја стартуваше со шминката која не му се допадна.

Елена била во Америка, па нема кој да ја шминка и пак лута. Лош мејк –ап, веројатно на Американците сака да им остави впечаток и сама себе се упропастила со шминката. Елена никогаш не беше човек што сакаше да ме послуша мене или што ги слушала советите на другите, беше неговиот заклучок за фотографијата на која Елена има впечатлив црвен кармин и продолжи со тоа што нејзиниот израз го нарече „еленски“, како и тоа дека можеби носи копија чанта од познат бренд.

View this post on Instagram

#newyork #streets #feelinghome

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Елена секогаш терала инает самата со себе, своевремено сакајќи да биде Бијонсе. Беше инспирирана и од Бијонсе и од Џенифер Лопез и од Ријана и сето тоа сакаше да го спои на еден нејзин „еленест“ начин. На оваа фотографија од њујоршките улици ја гледам во едно сосема добро улично издание. Торбата ми е со сомнително потекло, не знам дали станува збор за „фејк“ Луј Витон, мислам дека е „фејк“. Црниот фустан и сандалите имаат пролазна оценка, распали Сергеј и продолжи дека сега Елена Ристеска сака да биде Дуа Липа за Македонци.

Кај сакаше да биде Бијонсе, и Џенифер Лопез и Ријана и сите тие во едно да го направи тоа „еленесто“, тука е малку сакам да бидам Дуа Липа …, а се надоврза и дека не му се допаѓаат премногу исцртаните веѓи.

https://www.instagram.com/p/BneIpagBgZI/?taken-by=elenaristeska_era

Елена повторно ти давам совет и критика и мислење најдобронамерно, дај го доброто од себе, немој да сакаш да бидеш нешто што не си, зашто го правиш тоа на исклучително погрешен начин, се обрати Сергеј кон Ристеска.

View this post on Instagram

Miami… #miamibeach

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Неговата целосна критика можете да ја погледнете од видеото во продолжение од 26 минути:47 секунди.

Претходно «
Следно »