СЕФЕР ЦАНОСКИ СЕ РАЗВЕДУВА ОД ЌЕРКАТА НА ВЕЛИЈА: Се погледнал во очи со новата девојка и се заљубил!

  • March 22, 2018

Љубовта не избира место и време, таа едноставно се случува кога најмалку ја очекуваш – вака ја започнува својата љубовна исповест познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, кој деновиве е во центарот на вниманието на јавноста по обелоденувањето на љубовната врска со убавата турчинка Сезен Баш, но и по веста дека со сопругата Лејла, ќерка на бизнисменот Велија Рамковски ставиле крај на бракот – пренесува „Фокус“

 

За ,,Фокус’’ тој отворено раскажува за се што му се случува периодов на приватно поле, за згаснувањето на љубовта со Лејла, за судбоносната средба со Сезен на улиците на Таксим во Истанбул, за плановите со жената која го воодушевила и освоила на прв поглед.

Во изјава за порталот, Цановски додава дека долго време се труделе да ја спасат љубовта во бракот со Лејла Рамковска, но едноставно не им одело од рака. Во бракот со ќерката на Велија Рамковски имаат две дечиња.

За тоа како се запознале со новата љубов, Сефер објаснува дека се запознале на Таксим.

-Со Сезен се сретнавме сосема случајно на една од улиците на Таксим во регионот Пера, додека чекав за еден состанок. Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот… За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи – се присетува бизнисменот за првата фатална средба со Сезен – објаснува Цановски за „Фокус“

Извор
Фокус

Претходно «
Следно »