СЕФТЕ: Британската премиерка прва пристигнува на средба со Трамп

  • January 22, 2017

Новиот портпарол на Белата куќа Шон Спајсер објави дека претседателот на САД Доналд Трамп следната недела ќе биде домаќин на средба со британската премиерка Тереза Меј.

Тоа ќе биде негова прва средба со странски лидер во Белата куќа.

Состанокот на Трамп со Меј ќе биде одржан в петок на 27 јануари. На 31 јануари американскиот претседател ќе има средба со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието со кого ќе разговара за трговијата, имиграцијата и безбедноста, јавуваат американски медиуми.

Претходно «
Следно »