September 18, 2021, 9:26 am

Се било по протокол: Инспекторите не зaтекнале роднини на пациенти при вонрeдниот надзор во модулaрните болници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат не затекнале цивили на лице место во ковид центрите во Македонија по направените вонредни надзори изминатите денови. Во неделата цел на ненајавена контрола била тетовската болница по објавите и сведоштвата на социјалните мрежи дека членови на семејства и по трагедијата од осми семптември и понатаму се грижат за болните од корона.

Контроли биле направени и во 12 модуларни објекти, но немало отстапки од протоколите.

-ДСЗИ може да реагира со своите правни механизми само ако има отстапки во моментот на надзор и се затекнат цивили однадвор. Не се затекнати такви лица во ковид центрите во кои посетите се забранети, вели Ирина Бухова Сотирова директор на ДСЗИ.

Директорката на ДСЗИ повика да се работи на едукација кај населението дека во установи каде има забрана за посети тоа мора доследно да се почитува.

-Тој што е таму е потенцијален пациент и потенцијален преносител на заразата. Мора да се почитуваат одредбите, вели Бухова.

И пред трагедијата до инспекторатот имало анонимни пријави за недозволено присуство на цивилни лица во ковид центрите. Инспекторите иако биле на терен и разговарале со раководителите во тие објекти, не затекнале посетители.

Во делот на истрагата од Обвинителството се уште не побарале вклучување и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во несреќата загинаа 14 пациенти а 12 кои беа спасени од пожарот го продолжија лекувањето во тетовската болница. Денеска седум од нив излекувани од ковид заминале дома, пренесе Сител.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Земјoтрес синоќа го пoтрeсе Лос Анџелес и околината

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе синоќа Лос Анџелес и околината, објави Американскиот сеизмолошки...

More Articles Like This