Се биpa нacлeдникoт нa Меркел: Eвe кoи ce вo тpкaтa

Поврзано

Тepopистички нaпaд во Шведска: Избoдeни најмалку осум лица во Ветландa

Најмалку осум лица се избодени со нож во напад кој се случил во Шведска. Според првичните инфомации станува збор...

Австријците без можност за избор на вакцина

Скептицизмот во врска со вакцината нa „Астра зенека“ во Австрија е голем и затоа се погласни се барањата на...

Слобода на говор на дело: Новинарка ocyдена на шест месеци зaтвop за откривање медицински тајни

Белорускиот суд денеска ја осуди новинарката Катерина Боришевиќ на шест месеци затвор за откривање медицински тајни. Таа е осудена за...
- Advertisement -

Пандемијата со коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го избере нејзиниот наследник, а во трката за партиски шеф се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, и актуелниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

Лидерите на ЦДУ вчера повикаа на единство. Потпретседателката на партијата, Силвија Брехер, истакна дека очекува по собранието сите во ЦДУ да застанат зад избраниот кандидат и да придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.

Пандемијата со коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма. Предвидено е прво говор да одржи канцеларката Ангела Меркел, а поздравни говори, исто така, ќе одржат и претседателката на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, и белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма, пред да почне изборот на нов шеф на партијата.

Собранието на ЦДУ требаше да се одржи во декември, но беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата.

На конгресот на ЦДУ се поканети 1.001 делегат, а на победникот  му се требни 501 глас од делегатите. Прво, ќе се одржи дигитално гласање, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за кој делегатите, од  правни причини, ќе гласаат со испраќање писмо. Од овие причини, конечниот резултат не можно е да се објави дури следниот петок. 

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This