October 31, 2020, 5:08 am

СЕ ДЕЛЕЛЕ ШАКОМ И КАПОМ НАДОМЕСТОЦИ ВО НЕКОГАШНОТО СЈО – ревизорите велат – тоа било надвор од законите

Поврзано

Општа тепачka на летот за Порторико: Жена пpeдизвика тепачка поради kaвга околу заштитните мackи

Судирите поради неправилното носење на маската се се почести… Полицијата ја приведе жената поради предизвикување на општа тепачка на летот...

Тамара Тодевска донесе одлука: Македонската химна ќе ја истетовиpa на себе, 3а повеќе да не ја боли што ја „мpaзат“ без причина

Македонската пејачка Тамара Тодевска пред камерите за естрадниот магазин Бекстејџ зборуваше за се она што и се случува на...

Не се тестираше, а доби позитивен тecт… И мојот сосед исто: Приказни кои кружат по социјалните мрежи за Koвид-19

Што стои зад приказните за Ковид-19 што кружат на социјалните мрежи?! На социјалните мрежи во Хрватска се шират приказни дека...
- Advertisement -

Надоместоците кои се делеле во некогашното Специјално јавно обвинителство во периодот од 2015 до 2019 година, не биле во согласност со законоте. За жал, јавноста нив нема ни да ги дознае никогаш, затоа што се класифицирани информации.

Но, се дознава дека тие биле во многу високи и проблематични износи.

Додатоците на плата, пак, генерално биле законски, освен во неколку месеци 2015 година. Платите, пак, биле исплаќани во согласност со законите.

Ова е констатирано во ревизорскиот извештај кој го правел Државниот завод за ревизија на платите, додатоците и надоместоците од плата кои се делеле во пшоранешното СЈО за периодот од 2015 до 2019 година.

Ревизорите велат дека кога станува збор за платите, остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата, се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти.

Ова се однесува на обвинителите и вработените во јавнообвинитеклската служба, чии плати биле точно пресметани во однос на коефициентите и бодовите со кои се обезбедува вреднување на соодветниот степен на образование, работното место и работното искуство, и тие се во согласност со законите.

„Исто така, утврдивме дека освен утврдените состојби кои се однесуват на исплатените додатоци за 2015 година, остварувањето на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплтата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во извештајот од ДЗР.

Односно, освен во 2015 во другиот период додатоците се утврдувале во согласност со законските лимити.

„Истакнуваме дека износот на исплатените додатоци за 2015 го надминува и8зносот на исплатените средства за основната плата по лице. За овиењ додатоци на плата не се пресметани и исплатени придонеси за социјалнбо осигурување, односно истите имале третман на надоместок за кој СЈО има платено само персонален данок на доход“, се наведува во извештајот.

Ревизорите констатирале дека за периодот од септември до декември 2015 година, по основ на додатоци на плата на Јавниот обвинител, Катоца Јанева, како и на другите јавни обвинители во СЈО, се исплатени пари во вкупен износ од 2.185.000 денари или 35,5 илјади евра. Висината на наведените додатоци е уредена со Правилник со кој се утврдени доадотоци, и тоа – додаток за посебни услови за работа во мето износ од 15 илчјади денари, за постоење на висок ризик од 25 илјади денари, како и доадток за доверливост од 30 илјади денари.

„На 09.02 2016 година, по донесувањето на Законот за измени и дополчнување на законот за платите на јавните обвинители во декември 2015 година, јавниот обвинител на СЈО има донесено нов правилник со кој додатоците на плата на јавните обвинители се утврдени во проценти од основната плата и истиот започнува да се применува со испалктата на плата за март 2016 година. Заклучно со платата за август 2019 година, на јавните обвинители исплатени се средства во вкупен износ од 14.019.000 денари, по основ на додатоци, во согласност со законската регулатива.

„Ревизијата истакнува дека со ваквиот начин на утврдување на висината на додатоците во 2015 година, износот на исплатените додатоци го надминува износот на исплатените средства за основната плата по лице.

„Во однос, пак, на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата, утврдивме дека истите не се во согласност, впо сите матерјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, велат од ДЗР.

Додаваат дека констатираните состојби кои се однесуваат на правото на други надоместоци, произлегуваат од информациите кои имаат степен на класификација, и се дел на посебен извештај.

Значи, тоа јавноста нема да го дознае.

Додатоците и надоместоците на плати на јавнообвинителските службеници, пак, во СО биле уредени со одредбите од Законот за јавнообвнинителската служба. Согласно член 120-к од законот, исклучителната компонента на платата ја сочинуваат додатокот на плата за доверливост и додатокот за ноќна работа, работа во смени и прекувремена работа.

„Исто така, согласно член 120-л е утврдено дека износот на наведените додатоци же изнесува кумулативно во висина до 35 отстоп од износот на основната плата. Јавниот обвинител на СЈО утврдува кај кој од јавнообвинителските службеници постојат посебни услови за работа, висок ризик или доверливост, како и процентот на додатоците“, се вели во извештајот и се нагласува дека од март 2016 до август 2019 на сите јавнообвнителски службеници им е доделено право на додаток, за што се исплатени средства во вкупен износ од 31.034.000 денари, согласно законската регулатива.

Latest News

Расте црниот биланс: Бројот на зaгинaти во Турција се искачи на 20, повpeдени околу 800 лица

Бројот на mpтви во Турција расте по рaзорниот зeмјотрес. Според последните информации на министерот за животна средина и урбан...

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да се спрaвиме со пaндемијата и...

(Видео) Xaос во Барселона: Cyдири меѓу дeмонcтpaнтите и пoлицијата на пpoтестите пpoтив рecтриктините мерки

Демонcтрантите кои се прoтиват на рестриктините мерки за cyзбивање на пандeмијата на вируcот корона во Шпанија се cyдрија со полицијата на улиците на Барселона. Педесет...

Необичен феномен: Сина месечина ќе се појави на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

Голема финансисkа добивка за неколку хороскопски знаци во текот на ноември

Астрологот Павел Глоба вели дека во месецот кој е пред нас дел од хороскопските знаци ќе почнат да се збогатуваат. Проблeмите со парите за...

More Articles Like This