СЕ Е ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНО СО ЗОРАН ЗАЕВ: Јовевски излaжa вплeткувајќи се во октопотод на Зоран Заев

  • September 14, 2019
  • Коментари

Главниот јавен обвинител Љубомир Јовевски вчера на прес конференцијата не ја кажа вистината. Практично, тој и не смее да ја каже вистината, бидејќи и себе ќе си направи штета, па затоа на некој начин ја излажа јавноста, криејќи ја вистината.

Имено, дознаваме дека на највисоко политичко – владино ниво е договорено истите обвинители од СЈО кои досега ги воделе предметите, да ги водат и од сега.

Јовевски денес на состанок со обвинителите од СЈО отворено им соопштил дека предметите повторно ќе ги распредели кај истите обвинители од сегашното СЈО. Тоа им го кажал лично.

Им кажал и дека договорено е истите обвинители и физички да останат во истите простории и дека ќе им назначи некој веројатно од нив како раководител односно технички координатор.

Но, малку подоцна за јавноста Јовевски кажа сосема поинаку, во смисла дека сеуште ништо не се знае:

– Ќе определиме за секој поединечен предмет кое Обвинителство конкретно е надлежно стварно и месно да постапува по тој предмет и кој обвинител ќе го застапува конкретниот предмет, изјави Јовески.

Државниот јавен обвинител очекува Советот на јавни обвинители во најскоро време да го реши статусот на обвинителите од СЈО.

-“Сите обвинители кои се во СЈО, односно полномошници на специјалниот јавен обвинител нивните функции од обвинителствата од кои дошле мируваат и мислам дека имаат тие такви решенија и прашањето за извршување на нивната функција е во надлежност на Советот на јавните обвинители. Јас очекувам дека Советот на јавни обвинители во најскоро време ќе го реши нивниот статус дали тие ќе се вратат од функциите во обвинителството од кое што дошле”, рече Јовески.

Со изјавата на Јовевски се создава вчечаток дека допрва ќе се решаваат работите за кои веќе всушност е решено од владиниот и политички врв, за што Јовевски веќе е информиран и го има прифатено планот.

Освен со јавното обвинителство политичкиот врв на земјата договорил се и со судот.

Претседателот на судот превзел обврска дека судиите овој незаконски начин на превземање на предметите ќе го прифатат и прогласат како законски и ќе ги продолжат судењата по предметите а ќе прифаќаат и нови од оние кои се по истекот на 18 месеци. И тие малку ќе мораат да одглумат дека нешто решаваат, состанчат и одлучуваат, за да личи дека се самостојни.

Се како што побарал политичкиот врв.

Всушност, после разрешувањето на претседателот на врховниот суд Јово Вангеловски, за кого премиерот најпрвин јавно кажа дека телефонски разговарал со Блерим Беџети од ДУИ во правец на смена на Вангеловски, а по еден месец Вангеловски навистина беше разрешен, на секој судија или претседател на суд веќе му е кристално јасно што го чека доколку се спротистави на нарачка од владиниот врв.
Нашите извори говорат дека такво нешто веќе никому од судиите или обвинителите не му паѓа напамет, вклучувајќи го и исходот од судењата, односно пресудите за случаите.

Така што, откако деновиве ќе гледаме малку “глума”, лажна неизвесност и демек институциите самостојно ќе одлучуваат, како судовите и ОЈО, така и советот за јавни обвинители и доколку затреба и судскиот совет, па да видиме што ќе решат. Всушност се е веќе догооврено, решено и нарачано од владиниот и политички врв на земјата. Обвинителите и судиите треба само да спроведат, што веќе го прифатиле.

Целата оваа операција власта ја прави со цел во последната година пред парламентарните избори, освен затворски пресуди за голем дел од поранешните членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да отворат случаи дел од нив проследени и со апсења и за актуелните раководители на партијата од потесното и поширокото раководство на партијата, и на тој начин со создавање нови лажни и фабрикувани случаи како што и претходно правеа поранешното раководство, дополнително да ја намалат подршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори со цел да останат на власт по изборите.

Следете…

A.Митовски

Претходно «
Следно »