СЕ ЗАТОПЛУВААТ ОДНОСИТЕ РУСИЈА-САД: Трамп не ја исклучува можноста да се признае дека Крим е руски

  • July 2, 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува можноста да признае дека Крим е дел од Русија, пренесува новинари кои ја покриваат Белата Куќа цитирајќи го американскиот претседател.

Кога новинарите го запрашале американскиот претседател дали ќе признае дека Крим е дел од Русија, Трамп одговорил: “Ќе видиме”.

Притоа, Трамп за украинската загуба на Кримго обвини својот претходник Барак Обама.

“(Барак) Обама го направи тоа возможно”, истакна тој.

Шефот на Белата куќа даде сличен одговор кога новинарите го прашаа дали ќе ги укине санкциите против Москва.

“Ќе видиме што прави Русија”, рече Трамп.

Претходно, американскиот претседател рече дека ќе го покрене прашањето за “мешање на Русија” во изборите и ќе разговара за конфликтите во Сирија и Украина на состанокот со Владимир Путин во Хелсинки.

Претходно «
Следно »