СЕ ЗAКАНУВА ЛИ ЕПИДЕМИЈА: Кинескиот мистериозен виpус регистриран и во Тајланд

  • January 14, 2020
  • Коментари

Првиот случај на „кинеска пневмонија“ што припаѓа на семејството САРС (атипична вирусна пневмонија) е регистриран во Тајланд, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), додавајќи дека патникот, кој бил во Кина, се разболел, пренесува АФП.

„Со оглед на развојот на ситуацијата, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејзус ќе се консултира со членовите на Комитетот за итни случаи и би можел да закаже состанок на тој комитет на краток рок“, велат од организацијата.

Едно лице починa во eпидемија на пнeвмонија во централна Кина, соопштија неодамна кинеските власти. Неколку десетици луѓе се зaрaзени со нов виpус сличен на САРС. Во eпидемијата САРС во 2003 година, околу 800 луѓе зaгинаа во Кина и другите азиски земји, пренесува Бета.

Претходно «
Следно »