СЕ ИЗГACИJA ЛИ, И ЗА КОГО КАМЕРИТЕ ВО ВЛАДА: Премиерот се уште нe одговори зошто на 25.04 биле изгaceни сите камери во Владата

  • October 3, 2019

Еве како поминаа повеќе од 72 часа откако премиерот Заев вети дека во службите во владата ќе проверел зошто на 25.04 во зградата на Владата на Р.Македонија биле исклучени системите за видео надзор

Фото: Илустрација

 

На 30 септември годинава, во понеделникот, премиерот Заев се соочи со прашање во врска со средба која се случила во просториите на Владата во април годинава, а поради некоја причина била супер-тајна средба. За истата не смееле да знаат ниту задолжените за обезбедување на владината зграда, а се целело кон тоа да нема ниту трага на снимачите од видео надзорот.

-Господине Заев се уште ли ќе тврдите дека не сте се сретнале со господинот Зоран Милевски Кичеец со оглед на тоа што госпоѓата Вера Иванова под полна мopaлна и kpивична одговорност тврди дека сте имале состаноци тука во Владата. И ќе ми кажете ли дали на 25.04 тука во Владата бил иcклучен системот за видео нaдзор и зошто, зaпраша го прашав премиерот во понеделникот на 30 септември.

 

Одговор, еве се уште нема иако токму Заев вети дека ќе прашал зошто бил исклучен системот.

Но, би сакал да му помогнам во потрагата по причината за гаснењето на видео надзорот во Владата па преку неколку прашања да му ја освежам меморијата.

Дали на 25.04 во вечерните часови во гаражата (која Рашковски претходно ја исчисти) пристигнал автомобил на еден бизнисмен и негов помошник?

Дали е точно дека дури и на стражарите на гаражата им било наредено да го напуштат местото за да не го забележат автомобилот?

Дали е точно дека од гаражата лицата се упатиле од подземниот кат -1 на катот на кој се наоѓа премиерскиот кабинет?

Дали во автомобилот кој пристигнал во гаражата на владата, а еден од патниците се упатил кон катот на кој се наоѓа премиерскиот кабинет е осомничено лице во аферата „Рекет“?

Еве, тоа се отприлика прашањата кои премиерот ги должи на јавноста. Но, апелираме одговорите да бидат прецизни и да не претрпуваат измени како во случајот со прашањето за средбите на Заев и Кичеец. Еднаш се тврдеше дека не го познавал, а потоа премиерот обзнани дека многу пати се сретнувал со човекот.

Инаку, оваа влада е најдобра. На прав пат е. Супер сте. Бравос. Бацки!

А.Митовски

Претходно «
Следно »