СЕ ИСПИТУВА СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА НА 1ТВ: Агенцијата за медиуми покрена истрага

Поврзано

ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ ИЗБОРИ ВО ЈУЛИ: Бараат итно враќање на строгите мерки за излез од кризата

Ќе ги послуша ли власта граѓаните кои се во паника за алармантната бројка на заразени и починати и ни...

СТОЈКО ПАУНОВСКИ: Ако граѓаните и угостителите се совесни ќе можеме сите слободно да одиме во кафеани и ресторани

На состаноци со угостителите се работи на разјаснување и поправање на протоколите со цел да се олесни работата на...

ЗAГPИЖУВAЧКO: Пет cлyчaи на кoрoнaвиpyc во домови за cтaри лицa во Скопје

Пет позитивни случаи на коронавирус се откриени во домови за стари лица во Скопје преку скринингот за ковид-19, информираше...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1ТВ поради наводно скриено сопствеништво.

На утрешната седница на дневен ред е ставено разгледување на предлог-одлука за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 34 кај 1 ТВ ДООЕЛ Скопје. Постапката се поведува бидејќи Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, на јавните настапи се претставува како сопственик на телевизијата иако формално-правно не е.

Членот 34 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми забранува таен содружник, односно „радиодифузер не може да има таен содружник кој учествува со паричен или непаричен влог во радиодифузер“. Доколку се утврди дека еден медиум има таен содружник, АВМУ може да ја одземе лиценцата за работа на медиумот.

Сопственик на 1ТВ, според податоците од Централниот регистар е фирмата БМЈ Медиа Груп, а директори се Јасна Мандиќ и Јасна Ерцеговиќ.

Како сопственици на БМЈ Медиа Груп, пак, повторно се јавуваат Јасна Мандиќ и Јасна Ерцеговиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата. Името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи, а тој во интервјуата што ги дава на телевизијата, се претставува како нејзин газда.

БМЈ Медиа Груп и 1ТВ имаат седиште на иста адреса, Скупи 3/17.

1ТВ беше основана на 28 март минатата година. Иако во програмата телевизијата се најавува како најгледана, официјалните податоци говорат дека таа кон почетокот на месецов имала гледаност од 1 до 2 проценти, во зависност од денот. Колку за споредба, телевизија Сител во истиот период имала гледаност од 18 до 23 проценти и таа е на врвот по гледаност.

Во моментов телевизијата ја следи скандалот со емисијата „Македонски инсајдер“, за која бизнисменот Зоран Азманов обвини дека бил рекетиран, Бојан Јовановски ги демантираше обвинувањата, а во меѓувреме се јави и српскиот „Инсајдер“, од каде најавија тужба бидејќи 1ТВ го користела нивното лого, а не поседувала лиценца за да го користи форматот на телевизијата. Емисијата „Македонски инсајдер“ засега е на ниво на најави.

Актуелно

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по населби статистиката е следна: Чаир –...

Повеќе вести