СЕ ИСПОТЕПАА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Заев ветуваше дека откупувачите ќе се тепале за производството на земјоделците, на крајот земјоделците се испотепаа меѓусебе!

  • July 5, 2017

Низ социјалните мрежи се појави видео на кое продавачи на лубеници од струмичко се тепаат со стапови среде Прилеп. Деновиве цената на лубениците во струмичко се движи околу 3 денари за килограм и во желбата да се заработи повеќе, земјоделците се обидуваат своето производство директно да го продаваат во други градови во земјава.

Цената од 3 денари по килограм не е доволна за покривање на основните трошоци за производство по единица површина, поради што земјоделците бараат дополнителни мерки за да се покријат трошоците. Во недостиг на мерки од ресорното министерство, производители на бостан се оставени сами да се снаоѓаат во пласманот, каков што е случајот со овие продавачи на лубеници во Прилеп.

Во изминатот период сме сведоци на многу проблеми и разочарувања кај земјоделците. Во предизборната кампања на СДСМ, земјоделците добија многу ветувања за нивните производи, цена и пласманот на пазарите. Зоран Заев ветуваше многу реформи се до моментот кога дојде на власт и настапи со плејада антиреформи од кои едни од најпогодените беа земјоделците на праски, патлиџани и краставици, а сега и производителите на бостан.

Земјоделците се разочарани и огорчени од новата Влада и нивните празни ветувања. Зоран Заев во преизборната кампања истакна дека ќе обезбеделе натпревар помеѓу откупувачите, односно ќе донеле колку што е можно повеќе откупувачи за тие да се „тепале“ меѓусебно кој ќе плател повеќе, тој да го добиел земјоделското производство.

-Ветувам како идна Влада ќе ги отвориме пазарите кои што се затворени за Македонија : Русија, Белорусија, Украина , Молдавија , Блискиот Исток. Ќе ги унапредиме со Европската Унија и бившите Републики од СФРЈ за да обезбедиме конкуренција, натпревар помеѓу откупувачите. Да донесеме колку можеме повеќе од откупувачите овде. Да се тепаат, да се натпреваруваат кој ќе плати повеќе, тој да го добие земјоделското производство, изјави Заев.

Сепак, наместо откупувачите да се „тепаат“ меѓусебно, како што тврдеше Заев, сведоци сме дека земјоделcите се тепаат меѓусебно незадоволнi од откупната цена за нивните производи, каков што е случајот со откупот на бостанот. Од ветувањата на новата влада нема ни трага. Македонските земјоделци разочарано го фрлаат нивниот труд во отпад и безнадежно бараат помош од ресорното министерство да донесе мерки со кои ќе им се помогне.

Претходно «
Следно »