СЕ ОГЛАСИ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА АБРАМОВИЧ: Нашиот брак беше ,,златен кафез“, сега го пронајдов мирот во православието

  • September 12, 2018

Поранешната сопруга на Роман Абрамовиќ го даде своето прво интервју по 11 години од нивниот развод, која истакна како е горда на своите пет деца.

Ирина Абрамович која сега живее во Лондон и која се омажи за милијардерот во 1991 година, воедно открива дека сега е длабоко религиозна.

Богатата разведена госпоѓа која сеуште живее живот на висока нога, патува на секаде во светот, ја крие приватноста долги години , далеку од очите на јавноста.

Таа и Роман се разведоа пред 27 година, а нивниот бракоразводен договор е длабоко чувана тајна.

Неговите пет деца од бракот со Ирина имаат одлични односи со синот и ќерката кои ги има од третата сопруга,Даша Жукова со која истотака  сега разведен.

Ирина е постојана мета на новинарите, но таа до сега успешно ги избегнуваше за да даде било каква изјава за медиумите, истакнувајќи дека не е заинтересирана да биде поранешна сопруга на сопственикот на Челзи, впрочем затоа што има нов,возбудлив живот.

Акрадиј (25) води успешен бизнис. Ана (26) треба да дипломира филозофија на универзитетот во Колумбија, Софија (21) дипломирала коњарство во Лондон,Ирина(17)завршува колеџ и планира да се запише на зоологија, додека Иљо (16)  оди во средно училиште во Лондон“, наведува Ирина.

Нејзиниот заеднички живот со Роман , Ирина Абрамович го споредува со ,,златен кафез“, наведувајќи дека постојано биле со телохранители кои порано работеле во руската и британската тајна служба.

Додека нејзиниот поранешен сопруг сега има израелски пасош и го интересираат неговите еврејски корени, Ирина својот мир го нашла во православието.

 

“Собирам византијски и руски икони“ истанува таа.

Истотака истакнува дека неоданешното патувње во Перу и било едно од најубавите во животот, таму се сретнала со неверојатен микс на цивилизации.

Извор: Kurir.rs

Претходно «
Следно »