СЕ ОНЕСВЕСТИ КОГА СЛУШНА ДЕКА ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА ОБИД ЗА УБИСТВО НА СЕЛА:Тошта е на реанимација, се освестил, но повторно почнал да се губи

  • June 6, 2018
  • Коментари

Александар Јаневски – Тошта е на реанимација на Кардиологија, потврдија судијката Славица Андреевска и обвинителот Дарко Јакимовски, откако по паузата продолжи рочиштето за насилство и обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села.

Обвинителот истакна дека комуницирал по телефон со болницата, од каде му рекле дека Тошта е на реанимација. Тој кажа дека бил осветен, но повторно се губел, по што судијката посака се да биде во ред со него.

Инаку, Тошта се онесвести откако обвинителот кажа дека за него нема преквалификација на делото, односно него ќе му се суди за за обид за убиство на Села, по што веднаш беше повикана Брза помош и беше дадена пауза.

Претходно «
Следно »