СЕ ОТВАРААТ СТАРИТЕ ФАБРИКИ: ВМРО-ДПМНЕ ги отвара фабриките кои СДСМ ги затвори!

  • October 17, 2016

Во борбата против невработеноста особено во периодот на политичката криза остана наш приоритет стимулирањето на новите инвестиции, привлекувањето на странски компании и охрабрување на домашните компании да одат напред. Ова нешто е скоро неверојатно во ситуација кога државата се мачи со тежок политички проблем наметнат од опозицијата, но ние не се откажавме од нашите намери и ние покрај се овозможуваме нови инвестиции, а тие пак нови работни места – посочи Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на големиот партиски собир во Скопје.

kostal

Само во последните 7 дена се одбележаа 4 големи инвестиции за над 2700 нови вработувања. Се потпиша договор за инвестирање на нова фабрика на германската компанија од автомобилската индустрија СТС текстајл во Велес и тоа преку рестартирање на дел од капацитетите на свиларскиот комбинат „Нонча Камишова”.

Оваа компанија ќе обезбеди нови 1.000 работни места. Во почетокот ќе бидат вработени 50 лица, а во следните пет години се планира да бидат ангажирани до 1.000 лица. Првичната инвестиција се проценува на околу 4 милиони евра, а во следните пет години ќе бидат инвестирани до седум милиони евра. Сопственикот на „СТС текстајл” планира со производство во Македонија да започне веќе за една до две недели, а целокупното производство ќе биде извезувано во Германија, Франција, Италија и Полска.

Договорот за инвестирање беше потпишан пред една недела во Скопје. На потпишувањето присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф, кои директно беа вклучени во преговорите, сопственикот на германската компанија Маркус Туч, како и лидерот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски.

-Добра вест за Велес, но и за сите населени места во близината на Велес и одлична вест за македонската економија. Денес е потпишувањето на договорот за инвестирање, а многу брзо потоа и конкретна реализација на инвестицијата на германската компанија СТС текстајлс која треба, по комплетирањето на својот бизнис план, да вработи 1000 луѓе, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

– Тоа се 1000 семејства кои ќе најдат сигурна егзистенција и место за работа. Ова ќе биде браунфилд инвестиција, односно капацитетите на компанијата ќе бидат сместени во поранешната фабрика Нонча Камишева, или позната како поранешната Свилара во Велес, која како и многу други беше уништена во болната транзиција од која без работа останаа илјадници граѓани. Денес ние успеваме пропаднатите капацитети да претвораме во успешна приказна. Свиларата во Велес ќе биде успешна фабрика во која ќе биде сместена германската СТС текстајлс, која ќе извезува производи од индустриски текстил за автомобилската и техничка индустрија во земји како Германија, Полска, Италија и Франција. Се работи за компанија која беше прогласена Топ 100-те иновативни компании во Германија. Првиот контакт беше направен пред околу една година од страна на Климент Шекеровски, а од самиот почеток во разговорите беше вклучен и Владимир Пешевски и Џери Наумоф. На состаноците во владата, уште пред една година тие силно се бореа и успеаа да го убедат инвеститорот во конкуренција од повеќе држави, место за својата идна инвестиција да ја одберат Македонија, што е уште една потврда за добрата бизнис клима која се создава. Ние силно ќе продолжиме да работиме за стабилизација и напредок во економијата и отворање на нови работни места. И покрај сите предизвици и наметнатата политичка криза, напредокот на граѓаните останува нашиот најсилен фокус. Тоа е разликата помеѓу нас и нашите политички конкуренти. Тоа граѓаните многу добро го гледаат и ја прават разликата помеѓу нас кои работиме, носиме инвестиции, реализираме илјадници проекти, покажавме дека имаме програма и држиме до неа и оние од опозицијата кои прават деструкции и конфликтност и внесуваат несигурност. Нашата борба за секое отворено работно место продолжува, напиша Груевски.

Официјално започна со работа германската компанија Костал во Охрид и тоа во просториите на некогашниот загубар ЕМО.

Германската компанија „Костал” и официјално започна со производствени активности за технолошконапредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браунфилд” инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО” Охрид.

Претседателот на „Костал групацијата” Андреас Костал на свеченоста со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид.

– Навистина имавме одлична поддршка од Владата и државните институции во реализирањето на овој проект. Единствено преку таква поддршка беше можно за помалку од една година да дојдеме до степен на почеток на производство. „Костал” во македонските филијали за наредните десет години планира да известира 30 милиони евра, и на подолг рок, независно автоматизацијата на производствениот процес, да креира 800 работни места, рече тој притоа поздравувајќи ги поволностите што преку реформските политики Република Македонија им ги нуди на странските инивеститори.

Јури Маклакхов, директорот на „Костал Македонија” ДООЕЛ Охрид, се надоврза со појаснување дека отворањето на овој производствен погон во „ЕМО” е само почеток на присуството на „Костал Групацијата” во Македонија.

– Во текот на изминатите девет месеци компанијата „Костал” во Македонија има инвестирано околу четири милиони евра, вработувајќи 48 лица од Охридско-струшкиот регион. До крајот на оваа година планираме да вработиме околу сто луѓе и инвестиција од околу шест милиони евра. Покрај адаптација на погонот, инвестиравме и во неопходна стручна обука на вработените во Ирска и Германија. Нашиот тим веќе е вклучен во производството на електронски и мехатронски производи за „БМВ”, „Порше”, „Дајмлер” „Форд” во нашата македонска фабрика, истакна Маклакхов.

Директорот на ДТИРЗ Виктор Мизо, изрази задоволство што „Костал” после направените детални анализи и истражувања на инвестициските услови во земји како Бугарија, Србија, Молдавија, Белорусија и Турција, како најповолна дестинација ја избрал токму Македонија и Охридско-струшкиот регион.

– За нас како Дирекција на ТИРЗ особено беше важно што преку овој начин ќе заживее дел од комплексот на поранешен „ЕМО”, каде голем број охриѓани ги почна и завршија своите кариери, притоа решавајќи да ги учат техничките науки поради можностите што ги нудел „ЕМО”. Во „Костал” се, а и понатаму ќе бидат анагажирани дел од поранешните вработени во „ЕМО”, како еден од важните услови кога „Костал” се одлучи да инвестира токму на овој регион, рече Мизо.

Тој додаде дека во комплексот на „ЕМО” ќе биде формирана индустриска зона, каде освен „Костал” и други потенцијални инвеститори ќе работат на „браунфилд” инвестиции во постоечки адаптирани капацитети. Тоа, според Мизо, ќе придонесе и за развојот на локалната екомонија преку потенцијална соработка со локални компании и пред се со соработката со општинските технички училишта и Универзитот за технички науки „Свети Апостол Павле” како извор на потенцијален кадар за потребните на компаниите што инвестираат тука.

На церемонијата на ставањето во погон на производствениот капацитет на „Костал” во Охрид приуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој меѓу другото истакна дека се работи за реализација на едно од ветувањата дадено кон граѓаните на Охрид, за отворање нови работни места.

– Ова е едно од нашите залагања, да се донесат нови компании што ќе отворат нови работни меса во Македонија. Тој процес успешно се одвива и не е случајно што стапката на невработеноста изминатите десет години постојано опаѓа. Во изминатиот период од десет години секој квартал имаме опаѓање на невработеноста, од 38 на некаде 24 проценти, рече Груевски.

Најнова е инвестицијата од Холандија на Инофрут и тоа токму преку преземање на пропаднатиот комбинат Агролозар од Богданци, со најавени нови инвестиции во нов капацитет за откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи како и производство и извоз на земјоделски производи и нови работни места.

Инвестицискиот план предвидува инвестиција од околу 10 милиони евра и вработување на најмалку 130 работници. Инвестицијата ќе се однесува на земјиште од околу 250 хектари, а производството ќе биде лоцирано во јужна Македонија, во Дојран и во Богданци. Вредноста на инвестицијата не е само во отворањето нови работни места, туку и во откупно-дистрибутивниот центар, кој тие таму ќе го отворат, како и во извозот што ќе го пласираат што ќе биде дополнителна стимулација за развој на македонското земјоделие.

Компанијата се занимава со иновации во земјоделскиот сектор, воведување на нови технологии за современо земјоделско производство и најнови сорти на овошни насади и изградба на откупно дистрибутивни центри. Компанијата е дел од групацијата „Олимпик фуд груп” со седиште во Ротердам и поседуваат еден од најсовремените логистички центри за испорака на овошје и зеленчук. Имат досега инвестиции во повеќе држави надвор од Европа. Во Македонија планот им е од наредниот месец да подигнат плантажа за најсовремени високоприносни сорти на цреши и трпезно грозје на површина од околу 60 хектари. Истовремено ќе изградат и откупно дисктрибутивен центар во близина на Дојран.

Претходно «
Следно »