СЕ ОТСТРАНУВА БЕКАТОНОТ ПРЕД СУДОТ: По најавата за протест, полицијата ги вади бекатонските плочки пред судот во Скопје!

  • November 28, 2017

Полицијата која го обезбедува просторот пред Основниот суд Скопје 1 побара од Јавното претпријатие Улици и патишта да ги отстрани бекатонските плочки поставени пред судот каде за 13:30 часот е најавено одржување на протест за поддршка на уапсените во денешната полициска акција за расчистување на настаните од Крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Повикот за протест го упати ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека власта со оваа акција вршеле политички притисок.

Претходно «
Следно »