September 20, 2020, 6:38 pm

ДАЛИ СЕ ПОДГОТВУВААТ НОВИ АПCЕЊА ЗА СКОПЈЕ 2014:Управата за финансиска полиција комплетирала уште два случаи за изградбата на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија

Поврзано

Потрошувачките кредити може да поскапат, се враќаат стeчаите: Престануваат да важат повеќе вонредни уредби

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба....

Состојба по општини во Скопје

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини...

Состојба по градови, еве каде е нajкритично

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на eпидемијата изнесува 16735, бројката на оздравени пациенти е...
- Advertisement -

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека наскоро може да се очекува јавноста да дознае за тоа кој е странските инвеститор кој се сомничи за фалсификување и за перење на 200 милиони евра во земјава.

Тој вели дека со меѓународна странска помош се чека само уште еден документ со кој ќе се докаже делото перење пари, додека останатиот дел е документиран.

-Завршен е поголемиот дел од истрагата и очекуваме еден документ за да се документира случајот за перење пари. Делот на фалсификување, на измама е докажан со помош на јавен обвинител. Ни останува последната алка на перење пари, вели Муареми, кој објасни како е откриен случајот.

-Утврдивме преку полициски канали дека за тие пари инвестирани од таа држава од каде стигнуваат, во таа држава се води истрага за измама. Сега тие полициски информации треба да бидат официјализирани преку меѓународна правна помош по што ќе се проследи до јавен оибвинител, рече Муареми.

Тој исто така објави дека Управата за финансиска полиција комплетирала уште два случаи во рамките на истрагата за „Скопје 2014“, а се однесува на изградбата на два објекти- оној на „Водовод и канализација“ и на Македонската филхармонија.

-Тие се звршени и очекуваме ЈО да каже и ќе се поднест соодветни пријави, вели тој.

Муареми за 1тв, објасни и дел од сомневањата за овие случаи кои се поврзани со изведувачот Алпине бау.

-Се работи за извлечени многу парични средства. Прашањето е како дојде до стечај на изведувачот. Кога ќе се анализира случајто ќе се види дека многу пари се извлечени во готово без да се завршат работи. Се работи за фимата Алпине Бау. Се пријавуваат повеќе фирми како подизведувачи дека наводно завршиле некоја работа, а во позадина е само да се извлечат парите, вели Муареми.

Муареми го спомена и случајот со компанијата Диамед Македонија и како е алармирано дека се работи за сомнителна трансакција.

Директорот на Управата за финансиска полиција Муареми во интервју за Отвореното студио на 1тв вели дека не само што се работи на истраги на случаи со можна злоупотреба на државни пари, туку оваа Институција како чувар на буџетот ги следи и сите јавни набавки кои се прават од актуелната власт.

Тој укажа на неколку начини, како при јавни набавки државата може да биде оштетена.

Latest News

(Видео) Ечеше македонската химна: Игор Стефановски Иџе победи на „Валелунга“

Игор Стефановски – Иџе запиша победа на патеката „Валелунга“ во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија. Најдобриот македонски автомобилист стартуваше...

Потрошувачките кредити може да поскапат, се враќаат стeчаите: Престануваат да важат повеќе вонредни уредби

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба. Последната вонредна состојба заврши на...

СДСМ и нејзините коалициони партнери можеби зaбopавиле, но опoзицијата не зaборава за ветеното, неcтореното, а излaжаното

Септември поминува а од третиот пакет на мерки за подршка на стопанството од страна на влатада „ни ал, ни абер“. СДСМ и нејзините коалициони...

На Трамп повеќе му се допаѓале жени, затоа ќе номинира жена за Врхниот cyд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека наредната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи пoчинатaта Рут Бадер Гинзберг во Врховниот cуд на...

Пронајдена уште една жpтва на ураганот во Грција

Ураганот Јанош, кој ја погoди Грција, ја однесе и третата жpтва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска властите. Жpтвата е постар човек...

More Articles Like This