СЕ ПОРОДИЛА ВО СВОЈАТА ДНЕВНА СОБА: Пејачката по вторпат стана мајка!

  • March 6, 2019
  • Коментари

Британската пејачка и текстописец, Џеси Вер, стана мајка по вторпат.

Џеси родила син во понеделникот навечер, и тоа во својот дом. Таа му се заблагодарила на тимот кој се грижел за неа за време на пораѓањето, за кое одлучила да се одвива во домашни услови.

Веднаш после пораѓањето објавила фотографија на која го дои синот и на тој начин ја споделила среќната вест.

Џеси со сопругот Сем има и 2-годишно девојче. Брачниот пар е заедно уште од средношколските денови, а се венчале во 2014-та година на островот Скопелос.

Џеси Вер е една од најискрените пејачки на светската сцена и вистинска поп-соул дива која е најпозната по песните „Midnight“, „Selfish Love“, „Say You Love Me“, „Wildest Moments“…

Претходно «
Следно »