СЕ ПУШТАА СНИМКИ ОД РАЗГОВОРОТ НА ОБВИНЕТИТЕ ВО „МОНСТРУМ“: Африм ми рече направивме гомнарија, убивме човек!

  • May 23, 2018
  • Коментари

Во судница на денешното судење за Монструм беше пуштен видео запис од исказот кој обвинетиот Хаки Азири го дал како загрозен сведок на 7 мај 2012 година. Поради лошиот квалитет на снимката судијата го прочита исказот, истакнувајќи дека целта е да се види дали на снимката Азири бил тепан, бидејќи тој сега вели дека тогаш бил приморан да даде таква изјава.

Тој во исказот вели дека ги возел Агим Исмаиловиќ и Алил Демири во возило Опел омега, а потоа требало да ги чека кај обиколницата во 19.20 часот.

– Тие кај себе немаа оружје, носеа црни капи, но јасно им го видов ликот. Имаа ракавици и на себе носеа црни тренерки. Ги прашав што се случи, а Африм ми одговори: Направивме гомнарија, убивме човек, вози кај тебе дома. Тргнав со автомобилот, возев право, ништо не ги прашав, ниту, пак, тие двајца разговараа меѓусебе“, рекол Азири во својот исказ.

Тој додал дека од медиумите дознал што всушност се случило, а јасно му било се кога полицијата објавила дека бара возило Опел омега.

– Кога ми стана јасно што се случува имав кошмари, не спиев, ме гризеше совеста, ослабев 20 килограми, на никого ништо не кажав, го чував за себе додека не ме побара полицијата, раскажува Азири на снимката.

Неговиот исказ на 7 мај се поклопува со оној што го дал на 2 мај, а кој исто така беше прочитан во судница. Азири пак во денешниот исказ рече дека овој исказ го дал бидејќи бил физички и писихички малтретиран.

Претходно «
Следно »