September 28, 2021, 11:12 am

Се пpoтecтира во повеќе гpaдови: Родителите на учениците од Куманово побаpaа ocтавка од Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група околу стотина родители во Куманово од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска протестираа пред Општина Куманово и побараа прекин на процесот на дигитализација на учебниците, реформите во образованието и оставка од министерката за образование и наука Мила Царовска.

Со пароли „Стоп за укинување на историјата како предмет“, „Училница без книга е како тело без душа“, „Стоп за воведување сексуално образование“ и „Оставка на Царовска“ се собраа пред општинската зграда.

Дел од барањата на иницијативата е референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за образовните реформи. Побараа и враќање на децата во училишните клупи.

Освен во Куманово денеска се протестира и во Скопје и во неколку други градови низ државата.

Latest News

Љубомир Фрчкоски е пpeдлoжeн зa aмбacaдop вo OH

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска потврди дека во законодавниот дом е пристигнат предлог од Министерството за надворешни работи...

More Articles Like This