СЕ СКАРАА ВЛАДИНИТЕ КАНАЛ 5 И 1 ТВ: Груевски е во вилата на Орбан колку што 1ТВ е лидер во медиумскиот простор!

  • November 14, 2018
  • Коментари

Денес лицето одговорно за односи со јавност на Унгарскиот Премиер, г-дин Берталан Хаваси ја демантираше телевизијата 1ТВ за наводна локација на екс премиерот на Македонија, пренесува Канал 5.

Имено, таа телевизија без никаков доказ , ноќеска објави информација дека Груевски се крие во викендицата на Орбан, што доживеа експресен демант од Унгарија, со што ја дематираше 1ТВ.

Но очигледно е дека вакви бомбастични вести и изјави се нормални за нив, особено поради фактот дека таа иста ТВ станица, вчера објави дека ја „превземала медиумската лидерска позиција“, што е далеку од вистината , односно фактот е сосема спротивен.

Имено 1ТВ , според рејтинзите на компанијата Нилсен, од почетокот на мерењето на оваа станица е најнегледана македонската ТВ станица, со просечен удел ( SHR ) помал од 1 процент!

Претходно «
Следно »