СЕ СКУБЕЛЕ И СЕ ТЕПАЛЕ: Колешки вработени во ресторан брутално се истепале додека биле на работа!

  • April 16, 2018

На 16.04.2018 година во 00.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул. „Христо Татарчев“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Б.Ј.Т.(46) и К.Г.(22).

Тие имале несогласување околу секојдневното работење во угостителскиот објект и почнале да се влечат за коса и меѓусебно да се буткаат, при што К.Г. се здобила со видливи повреди.

По целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходно «
Следно »