СЕ СООЧУВА ЛИ МАКЕДОНИЈА СО XУMAHИТAPНA КРИЗА: Преку 150 деца xocпитaлизиpaни поради загадувањето, Власта крева раменици!

  • January 20, 2019

Веќе половина година како во главниот град на Македонија, но и низ другите градови низ државата воздухот е на eкcтремно загадено ниво. Скопје руши светски рекорди, заедно со Тетово, Кавадарци, Битола, Велес, Кичево.

Наместо мерки за спречување на загадувањето, властите делуваат преку популистички методи, нудејќи дневнополитичко стишување на состојбата. Министерот за здравство ги советува граѓаните почесто да јадат овошје и зеленчук бидејќи овие продукти содржеле многу антиоксиданси, но Филипче во предвид не ја зема економската попреченост и немоќ на поголем дел од популацијата која не е во можност секојдневно да јаде портокали, мандарини, ананаси – како што тоа го прават во министерствата на владата.

Преку 150 деца во моментов се хоспитализирани, а властите мудро молчат за ваквата хуманитарна криза во која се наоѓа државата.

Не постои ниту соодветна реакција од надлежните, дотолку повеќе, министерот за економија Садула Дураку алијас. Командант Вентили, на граѓаните им соопшти дека тој и неговото министерство немаат намера да се грижат за потребите и барањата за граѓаните бидејќи тој „немал работа со народот“.

Неговиот заменик пак, Јани Макрадули, спие на седниците на комисијата за животна средина на Собранието додека се дискутира за распределба на државнио буџет.

Петре Шилегов, освен најави, ветувања и проекти кои започнуваат со сврзникот „ЌЕ“ (во идно време), нема ниту една конкретна мерка за справување со кризата.

Реагираше и екс-шефот на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски, кој ги изнесе фактите во врска со негрижата на власта во врска со загадувањето.

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух.

Ниту една конкретна мерка не презедоа, шминка до шминка, алиби до алиби. Домаќинствата биле, не можеле ништо, ќе требале години, а кога требаше да дојдат на власт, ветувања, ќе се мерело, ќе се возело еколошки, немало градби да има.

Па Град Скопје со таа градба кај Јужен, го загади градот за уште толку. Насекаде се гради ко лудо, додека сте договорени со градежна мафија да раскажувате како имало пад во градбата, па уште на цел памет да изјавувате дека слободна механизација немало да остане оваа година. Цела држава е депонија, цела држава ја загадуваат неколку големи газди и ништо не правите, освен пред избори да им поделите на градоначалници пари наводно да преместат депонии еден километар. Дрисла ќе ја затваравте, Дрисла ве јебала, се што кажавте излажавте. Една шајка не тргнавте од СК 2014-та, очи и слух немате за никаква сугестија, узурпација на јавен простор оставивте, една тераса не тргнавте, барокот им го доградувате и сервисирате. Како не ви е срам, вие не сте власт, вие сте корумпирани гниди кои го оправдувате и легитимирате режимот и неговите симболи. Вие немате ефективна власт, прво зошто сте неспособни, второ зошто немате никаков културен хоризонт и вредносен систем, вас ве занима само да товарите магарето и да раскажувате приказни. Градот се распаѓа, буквално, вие го доуништувате тоа што требаше да почне да се менува и спасува. Ма што се објаснувам бе ја, реалноста е пред очите на сите, каков пропалитет сте вие. – пишува Мицковски на ФБ.

Претходно «
Следно »