January 28, 2021, 3:10 am

Се споиjа автомобилските гиганти Фијат Крајслер со Пежо-Ситроен-Опел

Поврзано

Bentley го надгради луксузниот теренец; Bentayga од сега и во хибридна верзија

Bentley го направи следниот чекор кон патот кон одржлива иднина со лансирањето на новиот Bentayga Hybrid, единствениот електрифициран вистински...

Лeгeндapнaтa „Hивa“:Oбjaвeнo нoвo имe и цeни зa двe вepзии oд пoзнaтиoт Pyски тeрeнeц

„Лада“ почна да продава две верзии од моделот „Нива“, класична и нова верзија што порано ја продаваше под брендот...

Bentley со рачно изработениот Bacalar; кабриолет изведен во само 12 примероци

Со завршувањето на првиот примерок Bentley во само десет дена ни прикажува втора фасцинантна изведба под знакот на магичната...
- Advertisement -

Акционерите на Фијат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика Стелантис.

Извршниот директор на ПСА Пежо, Карлос Таварес и претседателот на Фиат Крајслер Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност“ на спојувањето на компаниите кои „помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија“.

– Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од ПСА имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.

Новата компанија ќе произведува 8,7 милиони автомобили годишно, а ќе има профит од пет милијарди евра годишно.

Спојувањето беше договорено заради намалување на трошоците, но прашање е дали тие ќе можат да изградат бренд и да зачуваат работни места на пазар кој сè уште е под влијание на пандемијата на коронавирусот.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This