Се урива доградбата на „Мекиците од стража“ на улица Македонија

  • September 7, 2018

Овластениот градежен инспектор на општина Центар, постапувајќи по службена должност излезе на лице место и со записник констатираше дека инвеститорот на угостителски објект на улица Македонија, „Бистро Мекиците од стража“ , без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14,00 x 6,00 м .


Овластениот градежен инспектор донесе решение дел од објектот кој е бесправно изграден да биде отстранет во рок од 3 дена, соопшти Општината.

– Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата. Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот .

Претходно «
Следно »