СЕ УШТЕ СЕ МОЛЧИ ЗА БЕЗБЕДНОСНИОТ СКАНДАЛ: „Државни тајни“ шетаат по новинарски раце – кој и зошто му дал безбедносен сертификат на Сашо Ордановски!?

  • February 11, 2019

Во овие моменти додека кај Владата и провладината јавност трае вештачката хистерија околу НАТО и добивањето столче, и во полн ек се обидите да се замаскира неупотребата на придавката македонски во ниту еден контекст (македонски премиер, македонски министер, македонски јазик и слично), потребно е да се погледне зад таа лажна фасада и да се видат вистинските проблеми.


Еден од многуте проблеми е оној со безбедносните процедури и политики кои ги спроведува Владата, а кои се во директна колизија со безбедносните практики на НАТО алијансата. И покрај заложбите и (веројатно) сериозните намери на Националниот кооординатор Пендаровски, кој на неколку од неговите настапи потенцира дека во периодов што следи ќе треба усогласување на нашите безбедносни политики со оние на НАТО, во пракса се случува токму спротивното.

Заштитита на класифицираните информации, како и издавањето безбедносни сертификати, кои Пендаровски ги спомна како приротени и многу важни, претставува огромен проблем за оваа Влада. Имено, во овој домен беа направен безброј прекршувања на процедурите,, односно беа издавани сертификати на лица кои со години не можеле да добијат (за некои предмети има и судска завршница со која се потврдува нивната неподобност), на чувствителни места беа вработувани лица кои не беа безбедносно проверени и не ги поседуваа законски потребните безбедносни сертификати, имаше цела низа на безбедносни пропусти во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации кои беа скриени од јавноста и слично. И кога мислевме дека се е видено, се појави уште еден скандал, кој ги засени сите други.

 

Во јавноста излезе информација, а која беше потврдена од ДБКИ, дека на провладини новинари, за неколку часа им се издавани безбедносни сертификати со највисок степен на тајност „Државна Тајна“. Како ли само институциите успеаја законската рамка за вршење безбедносни проверки од 6 месеци да ја компресираат во неколку часа?

Кој наредил, и зошто директорот на ДБКИ, Славески, потпишал вакво нешто? Запрашан за ова, министерот Спасовски се огради и кажа дека тој немал ништо со тоа. Но, дали е тоа баш така? Безбедносните проверки на терен ги прави УБК, која сеуште е дел од МВР, кадешто Спасовски е министер?

Или пак, министерот знае дека во случајов со Сашо Ордановски нешто не е во ред, па се пере од одговорност, и ја фрла топката накај ДБКИ и директорот Славески, кој по потреба би можел и да биде жртва и да сноси одговорност, па на овој начин Спасовски да постигне двојна цел, и да се ослободи од одговорност, но и да го намести Славески, кој важи за играч од кампот на Радмила Шеќеринска?

Како и да е, јавноста сеуште чека одговор за тоа како на новинарот Сашо Ордановски му бил издаден безбедносен сертификат „Државна Тајна“ за еден работен ден, за која цел му бил издаден и која институција побарала таков сертификат за Ордановски? Дали е тоа МВР на Спасовски, МО на Шеќеринска, МНР на Димитров или можеби Пендаровски како Координатор за НАТО? Интересно е што сите овие кои ги спомнавме, се во трка за кандидат за претседател од СДСМ, па можеби Ордановски им треба за да добива пристап до класифицирани информации, и да пишува свои ексклузивни текстови, а за возврат да им го крева рејтингот и да ги фали пред јавноста?

Изгледа на крај, најмногу ќе настрада оној чиј потпис стои на сертификатот, а тоа е директорот на ДБКИ, Стојан Славески.

Претходно «
Следно »