Се уштe се чувствувaaт пoследицитe од eксплoзиjaтa во Бejрут

Секое трето семејство во Либан има дете кое се уште ги чувствува последиците од големата експлозија во пристаништето во Бејрут пред една година, кога загинаа повеќе од 200 луѓе, соопшти денеска Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).

„Секое трето семејство, 34 проценти, има деца кои продолжуваат да покажуваат знаци на стрес“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ, која во јули спроведе истражување меѓу 1.200 семејства. Кај возрасните, процентот е поголем и изнесува 45,6 проценти.

Резултатите од истражувањето се објавени по повод првата годишнина од експлозијата.

Експлозијата, која се случи на 4 август, беше предизвикана од палење на стотици тони амониум нитрат, експлозивно ѓубриво кое несоодветно се складирало со години.

Во експлозијата загинаа повеќе од 200 луѓе, беа повредени повеќе од 6.500 лица и беа уништени пристаништето и дел од либанската престолнина.

Во текот на изминатата година, Либан се соочи со пандемија на коронавирус и невидена економска криза.