СЕ ШТО ВЕТИ ИЗЛАЖА:Ништо од повратот на ДДВ за граѓаните и од понизок персоналец за сиромашните

Поврзано

Градинките остануваат затвopeни, студентските домови ќе се отворат за зapaзени од кopона

Министериот за здравство Венко Филипче и денеска потврди дека не се планира отворање на градинките, и предупреди дека ситуацијата...

СДСМ можеа да го подобрат стандардот на граѓаните само требаше малку повеќе да работат наместо да крадат

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски...

Николоски: Ветуваме работни места и повисоки плати за младите луѓе, својата иднина да ја градат во Македонија

Александар Николоски, потпретседател и носител на листа на изборна единица 4, денеска пред граѓаните во општина Василево вети директен...

Засега ништо од повратот на ДДВ за граѓаните. Власта повторно го одложува она што го ветуваше како опозиција. Наместо пилот проект во три општини од 1 јануари сега најавува нов концепт кој би ги опфатил социјалните случаи и невработените од 1 јули. Целосна имплементација за сите е можна најрано во 2020-та.

„Верувам дека до 1 јули ќе имаме доволно капацитет во Министерството за финансии, а пред се во Управата за јавни приходи да го стартуваме овој значен проект“ изјави премиерот Зоран Заев.

„Секој граѓанин ќе добива назад по 15 проценти од платениот ДДВ во фискалните сметки. Тоа ќе значи, на крајот од годината, уште една плата плус во секое семејство“ стои во „Планот за живот во Македонија“.

Ова не е единственото неисполнето ветување од предизборната програма. Во неа пишува и дека со даночната реформа ќе се зголеми персоналецот за најбогатите а ќе се укине за најсиромашните.

„На граѓаните кои имаат вкупен месечен личен доход до нивото на законски определената минимална плата, ќе им биде вратен износот кој како перосонален данок на доход претходно бил уплатен од страна на нивните работодавачи“ стои во програмата.

Со законските измени стапката се зголемува од 10 на 18 проценти само за приходите над 90 илјади денари, но не се укинува за оние кои заработуваат под 12 илјади.

„Државата нема капацитет да ги издржи сите аспекти. Тие ќе бидат за следниот период… Верувам дека ќе јакне економијата“ вели премиерот Зоран Заев.

„Промените во даночниот систем треба да обезбедат поголема праведност во распределбата на доходот и богатството во нашата земја. Тие се така замислени за да воведат повисок данок за најбогатите и намалување на даноците за сиромашните“ пишува во „Планот за живот“.

Од најавената реформа се воведува само делот со повисоки давачки за побогатите. Засега ништо и од ветувањето за поевтини или бесплатни јавни услуги за посиромашните.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Иловица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Иловица. Неговото обраќање...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Василево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Василево. Неговото обраќање во живо можете да го...

(Видео) Шекеринска e поголем лaжгo од Зоран Заев

Денес на Јутуб беше објавено видео кое ги демантира сите обвинувања на Радмила Шекеринска кон Инфомакс за ширење на наводни лажни вести. Имено на...

Се намалува бројката, 78 нови зapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на позитивни на Ковид-19. Во истиот период се починати пет...

(Видео) Шекеринска и Јанева во домот на Боки 13, сепак не се познавале само од телевизија

На мрежата Јутуб се појави видео на кое што се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во друштво на Катица Јанева и...

Повеќе вести