December 6, 2021, 5:57 am

Се pacитнyвa влaдинaтa кoaлициja: Дeмoкpaтcки cojyз нa влacитe oд Струга ja нaпyшти кoaлициjaтa co СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се раситнува владината коалиција како на централно така и на локално ниво. Последни во низата кои ја напуштаат коалицијата е Демократски сојуз на власите кои ја напуштија коалицијата со СДСМ во Општина Струга. Тие преку соопштение ја известија јавноста за нивната одлука.

Во продолжение Ви го пренесуваме нивното соопштение:

Кoлективното раководство на Општинската организација на Демократскиот сојуз на власите за општина Струга ги известува своите членови поддржувачи и симпатизери дека излеговме од коалицијата со СДСМ за Општина Струга поради арогантниот, препотентниот и циничниот однос кон нас изминативе четири години.

Не сакаме повеќе да сме бројка и декор во таа коалиција!

Најголем доказ за нивната игноранција кон нас е тоа што на листата со кандидати за советници предводена од СДСМ немаат ниту еден преставник од влашката заедница, тоа е голема навреда за нас власите кои живееме во општина Струга и придонесуваме за развој на општината и тоа во сите сфери.

За разлика од нив. На листата на кандидати за советници за Општина Струга на ВМРО ДПМНЕ, ставиле кандидат од нашата, влашка заедница и тоа на високото трето место што е реално добитна позиција и за прв пат нашиот ентитет ќе има советник во советот на општината.

Ја напуштаме коалицијата со СДСМ на локално ниво бидејќи заслепени од власта нашите коалициски партнери продолжија со арогантноста и цинизмот иако ги изгубија парламентарните избори во нашата општина и не извлекоа поука дека не може без оние кои те донеле на власт.

Повторно на листата со кандидати за советници има бајат партиски кадар и тоа на добитно место, истиот оној кој со “метлата„ на претседателот на СДСМ, г-динот Зоран Заев еднаш беше „изметен“.Неговата политичка реинкарнација и ставањето за кандидат во општинскиот совет ја прави таа листа губитничка, за жал. Метлата се знае што мети!

Раководство на ДСВМ-Струга

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This