October 30, 2020, 8:55 pm

СЗО: Бpojот на нoвoзapaзeни со Koвид-19 зa eднa нeдeлa ce згoлeми зa peчиcи двa милиoнa

Поврзано

Состојба по општини во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи...

Скопје со алaрмантни 13 174 заpaзени, трицифрени бројки во речиси сите други градови во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи...

Црн рекорд: Зapaзени 934 лица од 2.748 тестирани, пoчиналe пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови...
- Advertisement -

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во светот во периодот од 14 до 20 септември забележа раст од речиси два милиона, додека бројот на починати се зголеми за 37.700, соопшти синоќа Светска здравствена организација.

Според неделните податоци на СЗО, бројката на официјално потврдени случаи со новиот коронавирус се искачи над 30,6 милиони, што е за шест отсто повеќе во споредба со претходната недела.

До 20 септември од последици со Ковид-19 починаа 950.000 луѓе ширум светот.

Епидемиолошката ситуација и понатаму најсериозна е во Северна и во Јужна Америка, каде бројот на новозаболени минатата недела се зголемил за 38 проценти, а морталитетот се намалил за 22 отсто.

Речиси 770.000 новозаболени се регистрирани минатата недела со што вкупниот број изнесува 15,5 милиони лица. Во истиот период регистрирани се повеќе од 19.000 смртни случаи, со што вкупниот број на починати изнесува приближно 530.000 луѓе.

Околу 700.000 новозаболени се регистирани во земјите на Југоисточна Азија, каде вкупниот број изнесува 6,1 милиони, додека починале над 101.000 лица.

Во Европа е забележан најголем пораст на смртни случаи минатата недела. Повеќе од 4.000 луѓе починале, со што вкупната цифра на смртни случаи изнесува 230.000. Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Европа достигна до 5,2 милиони, односно за седум дена се зголемил за околу 360.000.

Од 14 до 20 септември бројот на заболеми со Ковид-19 во Индија се зголеми за 646.000, за 273.000 во САД и за 213.000 во Бразил.

Најголем пораст на инфицирани во Европа се регистрирани во Франција – 67.000, потоа следи Шпанија со над 50.000 и Русија со повеќе од 40.000 заразени лица.

Во изминатата недела во Индија починаа над 8.000 луѓе, во САД – над 5.600, додека во Бразил забележани се над 5.300 смртни случаи.

Latest News

Ѓорчев: Состојбата е kaтастрофална, грaѓаните со живот ги плаќаат нeeфикасните владини мерки

Состојбата е катacтрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини...

Состојба по општини во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Починaти се 5...

Скопје со алaрмантни 13 174 заpaзени, трицифрени бројки во речиси сите други градови во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420, Куманово-35,...

Црн рекорд: Зapaзени 934 лица од 2.748 тестирани, пoчиналe пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-420,...

Во Прилеп работници со температура и koвид cимптоми принyдeни да одат на работа и да kpијат дека се бoлни

Во Прилеп се оди на работа и со koвид симтоми и 38 температура. Центарот за јавно здравје вели дека тоа е можно и дека...

More Articles Like This