December 4, 2021, 5:59 pm

СЗО: Нe трeба да се бaра дoкaз зa вakцинaцијa пpoтив Koвид-19 зa пaтyвaњe вo cтpaнcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања, бидејќи тоа ќе го ограничи глобалниот пристап поради неправедната дистрибуција на вакцините.

Во соопштението на Комитетот се вели дека и покрај зголемената употреба на вакцини, пандемијата е далеку од завршена.

-Не треба да се бара доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствена опција или услов, со оглед на ограничениот глобален пристап и нерамномерната дистрибуција на вакцините. Државите треба да размислат за пристап заснован на ризик за да го олеснат меѓународното патување со укинување или менување на мерките како што се барањата за тестирање и карантин, онаму каде што е соодветно, следејќи ги упатствата на СЗО, се наведува во документот.

Комитетот повика на признавање на сите вакцини што се одобрени од СЗО за итна употреба и на сите шеми за вакцинација во согласност со препораките на нејзината експертска група.

Latest News

(Видео) Ѓорѓиевски: Несовесен граѓанин фатен како иcфрла отпaд на местото каде што се гради новиот парк во Драчево, ќе биде kaзнет доколку не го...

Денес, несовесен граѓанин се обидел да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево. Градоначалникот...

More Articles Like This