СЗО пpeдyпpeдyвa: Зaгpижyвaчкa myтaциja нa кopoнaвиpyc oткpиeнa вo Индија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мутација на Ковид-19 откриена во Индија (B-1.617) се смета за „загрижувачка“ поради големата заразност, соопшти вчера Светската здраствена организација.

-Има информации според кои сојот на вирусот B.1.617 е позаразен, но исто така и елементи кои укажуваат дека има еден степен отпорност на вакцина и по тоа можеме да го класифицираме како „загрижувачка мутација на вирусот“, изјавила докторката Мараија Ван Керков, шеф на техничкиот тим за борба против Ковид-19 во СЗО.

Таа посочува дека дополнителни детали ќе бидат објавени денеска во редовниот извештај, но дека треба д се направат дополнителни истражувања за оваа мутација на вирусот за да се утврди во која застапеност циркулира и до кој степен ја намалува делотворноста на вакцината.

-За сега ништо не укажува на тоа дека нашата дијагностика, нашите лекови и вакцини не делуваат. И тоа е важно, нагласува Ван Керков.

Посочува дека треба да се продолжи со примената на заштитните мерки како социјална дистанца, носење заштитни маски и намалување на контактите.

Оваа мутација, е една од причините, но не и единствена за експлозивниот раст на новозаболени во Индија, држава која во моментов е најголемо жариште на коронавирусот во светот.

Latest News

Пpeтепaнa жена им подлегна на повpeдите, уапceн синот кој физички ја малтpeтирал

На 02.08.2021 од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода П.М.(36) од Скопје. Постапувајќи по пријава дека во...

More Articles Like This